🎮 Контроли:
• На мобилен: Користете го виртуелниот D-Pad на екранот и копчето за акција.
• На компјутер: Стрелки или W, A, S, D за движење, Space за акција/пукање.
• Вработи си државно (Snake): Собирај кафе и печати за да вработиш нови колеги во администрација.
• Лапни си кредитче (Pac-Man): Собирај брзи кеш кредити и бегај од инспекции и извршители.
• Бара да ти прават братче (Invaders): Пукај со цуцли кон родителските изговори и собори го штркот за 500 поени!
• Тендер за Концерт (0 Денари): Собирај анекси и фактури од 0 ден. Избегнувај го новинарот што вика „Дали ти личам на идиот?!“ и активирај го мегафонот „Сè е 0 денари!“
• ТОП 3 Рели (Кичево-Охрид): Вози по автопатот во изградба од 2014 г. Избегнувај кратери и патарини и дознај зошто Македонија секогаш завршува во ТОП 3 во светот!